Испечати

Пирошки од стар леб

Пирошки од стар леб

Состојки

  • 1 леб
  • 200 гр шунка
  • 200 гр кашкавал
  • 100 гр сирење
  • 100 гр маринирани печурки
  • 300 мл млеко
  • 2 јајца
  • 200 гр презла
  • 100 гр брашно

Подготовка

Се дроби лебот па се додаваат рендани шунка, кашкавал, сирење и сецкани печурки.
Се тоа се попарува со млекото и се замесува со раце за да се добие хомогена смеса од која ќе може да се формираат пирошки.
Откако ќе ги формираме пирошките ги валкаме прво во брашно, па јајца и на крај презла. Се пржат во масло, но може и печени во рерна.