Вкусна пита со спанаќ
Состојки
- 4 жолчки
- 1 шолја млеко
- 1 шолја зејтин
- 15 лажици брашно
- 1 пециво
- 1/2 кг спанаќ(исецкан измешан со сол)
- 200 гр издробено сирење(може и урда)
- 4 белки
Подготовка
Се матат жолчките со млекото и зејтинот. Се додаваат брашното, пецивото, сецканиот спанаќ и дробеното сирење. Настрана се матат и белките и се додаваат во целата смеса. Во подмачкана тава со масло и наросена со малку брашно се истура целата смеса, па се пече околу 40 мин.
Добар апетит