Крекери со семиња
Состојки
- 250 мил маслиново масло
- 250 мил пиво
- 250 гр сончоглед
- 250 гр сусам
- околу 3 шољи брашно
- 1 пакетче прашак за пециво
- 1 лажичка сол
Подготовка
Се замесува тесто од сите состојки и се вадат форми со чашка за ракија. Може да правите кружни форми или месечинки. Крекерите се редат на плех од рерна обложен со хартија за печење. Се печат на 200 степени. Може да употребите и семки од тиква и/или ленено семе, но битно е вкупната тежина на семињата да не надминува 0,5 кг.