Даска четири сирења (куатро формаџи)
Состојки
- 200 гр. високо квалитетен кашкавал
- 200 гр. сирење овчко домашно производство
- 200 гр. фета сирење
- 200 гр. зденки
- 1 леб со маслинки
- 1 јаболко
- 1 рака семе од калинка
- 100 гр. мед
Подготовка
На дрвена даска ставаме листови зелена салата и на листовите сервираме од се по малку. Кога конзумираме врз лепчето си ставаме некое од сирењата, а потоа мед и овошје.
Добар апетит!