Испечати

Слатки кошнички со ванила крем и шумско овошје

Слатки кошнички со ванила крем и шумско овошје

Состојки

  • тесто
  • 100гр маргарин
  • 1 јајце
  • 1 ванила
  • 50гр шеќер
  • 280-320гр брашно
  • 2лажици млеко
  • 1/4лажиче пециво
  • 1лажиче кора од лимон
  • ванила крем
  • 550мл млеко
  • 3лажици шеќер
  • 2 пудинзи со вкус на ванила
  • 80 гр бело чоколадо
  • 20 гр путер
  • сос од шумско овошје
  • 2-3лажици кристал шеќер
  • 70 мл бело младо вино- божоле
  • 200 гр мешано шумско овошје

Подготовка

Најпрво во вангличка се соединуваат сите состојки за тесто.
Треба да биде средно меко.
Се покрива со најлонска фолија и стои во фрижидер 15 минути.

За ванила крем се соединуваат во една касерола млекото, шеќерот, пудингот и се варат до згуснување.
Додека е топло се додаваат чоколадото и путерот и убаво се промешува.

За сосот од шумско овошје - во мала касерола се става шеќерот да се карамелизира.
Се додаваат виното и овошјето.
На тивко се вари 10 минути.
Сега тестото се дели на 8-10 топчиња.
Од секое се прави мала коричка и се обложува металното калапче.
Се ставаат во рерна и се печат 20 минути.
Внимателно кошничките се вадат од калапчињата, се полнат со ванила кремот и сосот од шумско овошје.
Уживајте.