Есенска декоративна свежа салата(витаминска бомба)
Состојки
- 1 излупено цвекло
- 1 излупен морков
- 2 ротквици
- 1 парче свежа зелка
- зрна калинка, магдонос
- дресинг
- 2-3лажици сусамово масло
- 1/4лажиче сол
- 1-2лажици балсамико оцет
- 1/4лажиче ѓумбир во прав
Подготовка
Количините за оваа салата секако дека можете да ги прилагодите според вашите потреби.
Често консумирана кај нас дома како вистинска освежителна витаминска бомба.
Во една вангличка се ставаат ренданиот морков, ренданото цвекло,сецканиот магдонос, исечканата зелка, исечкани ротквици, зрна калинка.
Сето лесно се промешува.
Во еден мал сад на страна направете дресинг од сол, сусамово масло, балсамико оцет и ѓумбир во прав.
Нанесете го дресингот врз салатата. Лесно промешајте и сервирајте.
Добро оди и со парче сирење.