Чоколаден колач со мед

Состојки
- 2 јајца
 - 200гр. шеќер
 - 150гр. црно чоколадо за готвење (70% какао)
 - 50гр. мед
 - 160мл. млеко
 - 1 ванила
 - 50гр. растопен путер
 - 260гр. брашно
 - 1 пециво
 - За посипување
 - по потреба шеќер во прав
 
Подготовка
Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата.
 Додајте го медот и растопениот оладен путер и кратко проматете.
 Потоа додајте го чоколадото растопено на пареа и млекото.
 На крај додајте го брашното измешано со пецивото и матете со жица за да не останат грутки.
Калапот за печење премачкајте го со малку масло и обложете го со хартија за печење.
 Истурете ја изматената смеса во калапот.
 Печете на 180 степени 45-50 минути, зависно од рерната.
Испечениот колач оставете го да се олади, па посипете го со шеќер во прав.