Солени бомбици
Состојки
- 500 гр урда
- 200 гр свинска шунка
- 125 гр маргарин коцка
- 3-4 кисели краставички
- 1 пакување сусам
- 100 гр сецкани ореви
- малку сол или буковец по желба
- 100гр презли
Подготовка
Урдата се смешува со маргаринот за да се добие изедначена смеса, па потоа се додаваат ситно исецканите ореви, шунка и краставички. Сусамот се потпекува и се додава на смесата и повторно се промешува. Се замесуваат бомбици, се валкаат во презла и се ставаат во декоративни хартиени кошнички.