Испечати

Брза торта со малини

Брза торта со малини

Состојки

  • за тесто
  • 3 јајца
  • 1 чаша (200 мл) јогурт
  • 100 мл масло
  • 150 гр шеќер
  • 200 гр брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • прелив
  • 200 гр малини
  • 150 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • 1 лажица густин

Подготовка

Една тортичка која се подготвува брзински за околу 20-тина мин и ептен е добра кога за час ќе Ви се најават гости, а немате многу време.
Јајцата претходно оставени на собна температура се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер. Откако се добро пенесто изматени, во нив се додава јогурт, масло и брашното помешано со пециво. Се меша смесата со лажица да стане хомогена и се истура во плех за печење. Печеме 20-25 мин на 180 степени.
Преливот се прави така што на оган во подлабок сад се ставаат малините, шеќерот и 100 мл вода. Оставаме да зоврие. Таквата смеса треба да врие околу 15-тина мин и се додава разматениот густин со малку вода и оставаме да врие уште кратко време. Откако овошниот крем ќе ја добие потребната густина се истура врз испеченото тесто. По желба тортата се украсува со шлаг крем....