Хранлива мешавина
Состојки
- 100 гр ореви
- 100 гр ленено семе
- 100 гр семки од тиква
- 100 гр сончогледови семки
- 100 гр сусам
Подготовка
Ова е здрава комбинација која содржи растителни влакна, протеини, магнезиум, витамини, железо итн. Прекрасно одговара со лажичка мед, во овесна каша и др. Многу брзо, едноставно и корисно.
Семињата и плодовите (јас ставив ореви, може и бадеми, лешници и сл.) се ставаат во блендер и толку!