Испечати

Лења пита со џем од сливи

Лења пита со џем од сливи

Состојки

  • 4 јајца
  • 16 лажици шеќер
  • 16 лажици масло за јадење
  • 16 лажици млеко
  • 18 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 2 ванили
  • мала тегла домашен џем од сливи ( може и по ваш избор)

Подготовка

Јајцата се мамат со шеќерот и ванилата. Откако смената ќе стане пенеста се додаат прво течните состојки, па брашното и пецивото.
Се меша убаво додека не се добие хомогена смеса. Се пече во подмачкано и набрашнето тавче. Прво се става половина од смесата, се запекува колку малку да добие боја, потоа се вади, се премачкува со џемот и се полева со останатиот дел од смесата. Се пече на 180 степени додека не зарумени.
Откако ќе се испече малку оладена се посипува со шеќер во прав.