Испечати

Ѓевречиња - стапчиња

Ѓевречиња - стапчиња

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 500 мл млеко
  • 2 квасци (2х40гр)
  • 3 филџани масло (3х120)
  • 1 и пол лажица сол
  • 3 лаж шеќер
  • за валкање
  • 3 кесиња сусам
  • 300-400 мл млеко

Подготовка

Највкусните ѓевречиња сто ги имам пробано до сега, а рецепт на другарка ми Марија.
Се прават околу 60 топчиња веднаш штом се замеси тестото. Се редат убаво за да го запазите редоследот. Од кога кќе се направат сите се почнува од првото топче, се формира ѓеврече или во мојов случај ги правев како кифлички. Се потопува секое во млеко и потоа се валка во сусам да се покрие целосно. Се редат во плех. Откога ќе се направат сите се почнува да се печат пак почнувајки од првите.
Се печат на 200 степени да се заруменат.