Сочно свинско со печурки и зеленчук
Состојки
- 800гр свинска удина
- 1 мала главица кромид
- 1 морков
- 1 зелена пиперка
- 1/2 тикве
- 1/2 црн домат
- 1 црвен лупен и сецкан домат
- 300 гр маринирани шампињони
- сол, бибер, зачин, маслиново масло, сенф
Подготовка
На загреано масло ставете го исецканото свинско месо да се пропржи.
Нека се динста 10 минути во сопствениот сок.
Во садот се додава кромидот, се пржи 2-3 минути, па се додава сецканиот зеленчук.
Нека се динста во сокот од зеленчукот околу 20 минути.
се зачинува. Се додаваат маринираните шампињони.
Се налива 100-150 мл вода и се динста уште околу 30 минути.
По потреба се додава вода се додека не омекне месото.