Свежа салата со спанаќ, мандарини и ореви
Состојки
- 300 грама свеж спанаќ, исечкан на парчиња
- 1 главица марула, исечкана за салата
- 1-2 мандарини, излупени и раздвоени на парчиња
- 1 рака зрна од калинка
- 1 рака ореви
- парчиња лимон, за декорација
- Дресинг
- 1 лажица сенф
- 1 лажица мед
- 1-2 лажици маслиново масло
Подготовка
Ова е една многу вкусна салата. Освен тоа, многу е и здрава. Обожавам зрна од калинки во салата и малку оревчиња, да крцкаат. Свеж спанаќ е одлично да се јаде, а јас го мешам со малку марула и одма има повеќе количински салата.
Сите состојки за салата се стават во длабока чинија и се мешаат. Дресингот се меша на страна, во тегличе или здела (пробајте го на вкус за сол) и со неа се прелева салатата, пред сервирање. Јас сакам од дресингот да си ставам во мојата чинија, така ми е поубаво, а не да ја мешам целата салата со направениот дресинг.
Многу беше вкусна, крцава и со различни вкусови.