Солени рафаело бомбици
Состојки
- 4 големи компири
- 150 гр шунка
- 150 гр мајонез
- 1 мала главица кромид
- 50 гр рендан кашкавал
- 1 лажица павлака
Подготовка
Еве еден рецепт кој ќе ви послужи за декорирање на вашите софри.
Сварете ги компирите и изрендајте ги откако ќе се изладат. Се додаваат кашкавалот и шунката истотака рендани.
Кромидот поминете го на ситната страна од рендето, додајте ги мајонезот и павлаката. Зачинете и формирајте топчиња.
Готовите топчиња валкајте ги во ситно рендано сирење.
Служете ги ладни.
На здравје