Испечати

Солени коцки со афион

Солени коцки со афион

Состојки

  • Тесто
  • 4 јајца
  • 200 гр. брашно
  • 100 мл масло
  • 1 чаша кисела павлака
  • 1 пециво
  • 100 мл јогурт
  • 100 гр афион
  • 200 гр бело сирење
  • Фил
  • 2 парчиња праз
  • 300 гр мелено месо
  • зачини мешан сув зачин, бибер, кисела павлака за премачкување

Подготовка

Фил - пропржете го празот, додајте го меленото месо, зачинете и оставете го да се динста десетина минути.
За тестото, изматете ги малку сите состојки колку да се соединат, па половината од смесата ставете ја да се печи во подмачкана ѓувеч тава, во загреана рерна на 180 степени, малку време, колку да фати кора.
Потоа ставете го филот, па другата половина од смесата и вратете ја тавата да се допече.
Одозгора премачкајте со павлака и украсете по ваша желба.