Испечати

Чај од Куркума

Чај од Куркума

Состојки

  • 1 корен од куркума, или лажичка мала
  • 1 гранка нане, најдобро свежо
  • 1 корен или лажичка ѓумбир
  • 1/2 лимонов сок

Подготовка

Куркума, зачин и лек...Откако ја најдов оваа комбинација ја пијам преку цела година, зимно време како топла напивка или чај, а на лето со повеке свежо нане како ладен чај. За квалитетот на состојките нема потреба да дискутираме, од здраво поздраво...

Во жешка вода ги покиснувам корените и нането, по половина час ги блендирам и процедувам. Доколку сакам чај додавам жешка вода, Лимонот го додавам секогаш на крај.

Важно !!!
Дневно се препорачува до 4 лажици ѓумбир затоа што има анти-коагулационо дејство, односно ја разредува крвта.