Макарони со павлака и маслинки
Состојки
- едно пакетче макарони
- 3 кисели павлаки
- две лажици крем сир со вкус на зеленчук
- по желба маслинки
Подготовка
Најпрво ги вариме макароните. Во сад на оган го подготвуваме сосот. На загреано масло ја ставаме павлаката додека се растопи, откако ќе се растопи го додаваме и крем сирот и маслинките и на крај сол (можи и други зачини по вкус).
Во сварените макарони го додаваме сосот и промешуваме.
Ова е еден едноставен, а многу вкусен рецепт и пред се брзо се приготвува