Брз колач со вишни
Состојки
- 2 јајца
- 10 лажици шеќер
- 10 лажици млеко
- 100 мл. масло за јадење
- 12 лажици брашно
- 1 прашок за пециво
- 1 лажице цимет
- 300 гр. вишни
Подготовка
Се матат јајцата и шеќерот со миксер, а потоа се додаваат млекото, маслото, брашното, прашокот за пециво и циметот. Тавата во која ќе го печете колачот намачкајте ја со путер. тестото ставете го во тавата и одозгора додадете ги вишните. Печете на 180 степени во претходно загреана рерна. Кога е печен колачот исечете го на парчиња и посипете го со шеќер во прав...