Испечати

Солени афион мафини

Солени афион мафини

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 м.лажица сол
  • 1/2 чаша јогурт
  • 1/2 чаша масло
  • 1/2 чаша брашно
  • 1/2 чаша пченкарно брашно
  • 1/2 пециво
  • 3 лажици афион

Подготовка

Чашата е од 180 мл.
Се матат јајцата и солта пенасто, па една по една се додаваат останатите состојки, матејки со миксерот. Откако ќе се соедини смесата се полнат калапите за мафини, одозгора се наросува афион или сусам, на некои јас наросив и едра сол, и се печат во претходно загреана рерна на 180С, 25-30 минути.