Пралини со кокос
Состојки
- 200 мл млеко
- 150 гр кокос
- 200гр шеќер
- 200гр чоколадо за готвење
- 6 лажици масло
Подготовка
За љубителите на кокосот многу вкусни пралини....
Во сад на оган го ставаме млекото, шеќерот и кокосот и мешаме додека да се добие густа смеса. Откако смесата е готова ја вадиме од оган и ја оставаме да се излади.
На пареа го растопуваме чоколадото со маслото и ги премачкуваме силиконските калапи ги ставаме во фрижидер да се стегнат ,постапката ја повторуваме два пати.
Откако се готови калапите ги полниме со претходно припремената смеса и ги враќаме повторно во фрижидер за да се стегнат убаво.