Испечати

Солени коцки

Солени коцки

Состојки

  • тесто
  • 3 јајца
  • 200мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 1/2лажиче сол
  • 1/2лажиче пециво
  • 6лажици брашно
  • 200гр бланширан спанаќ
  • фил
  • 150гр кисела павлака
  • 100гр урда
  • 2 сецкани кисели краставички
  • 100гр сецкана шунка
  • 50гр сецкан кашкавал
  • 10 листови кашкавал, малку мајонез
  • 30 парчиња чајна

Подготовка

Прво за тестото се матат јајцата со солта, па се додаваат останатите состојки.
Смесата се истура и се печи во мала тава на делимано.
Се вади од рерна и нека се излади.
За филот прво се соединуваат урдата и павлаката, па се додаваат останатите состојки.
Овој фил се нанесува врз испечената кора.
Врз филот се ставаат листови кашкавал.
Се сечи на коцки, врз секоја коцка се става по малку мајонез и по едно парче чаен колбас.