Испечати

Мали солени еклерчиња, полнети со пилешка салата

Мали солени еклерчиња, полнети со пилешка салата

Состојки

  • тесто
  • 250 мл вода
  • 120 мл масло
  • 170 гр брашно
  • 5 јајца
  • прстофат сол
  • фил
  • 300гр варен и сецкан пилешки стек
  • 2-3 сецкани кисели краставички
  • 2-3 лажици кисела павлака
  • 50 гр сецкан кашкавал
  • 1 лажица мајонез
  • сол, црн пипер, кари или оригано по вкус

Подготовка

Прво на оган во касерола се ставаат водата, маслото и солта да провријаат 1-2 минути.
Се додава брашното и се трга од оган. Нека се излади 2-3 минути.
Се додаваат едно по едно 5 јајца и се меша со миксер.
Се става смесата во шприц и се истиснуваат мали форми.
Се печат 10 мин на 200 степени, па уште 20 мин на 180 степени.
Се ладат па се засекуваат во средината.
Во вангличка се соединуваат сите состојки за филот. Со овој фил се полнат малите еклерчиња.Се сервираат и се декорираат со павлака, магдонос, морков...

Многу вкусни залачиња, пробајте направете ги