Испечати

Брз чоколаден колач

Брз чоколаден колач

Состојки

  • 5 јајца
  • 12 супени лажици шеќер
  • 12 супени лажици масло
  • 12 супени лажици јогурт
  • 16 супени лажици брашно
  • 1 пециво
  • 100 гр стопено црно чоколадо
  • 1 супена лажица какао

Подготовка

Откога ги добив силиконските калапи на делимано решив да ги пробам, го најов овој брз рецепт и излезе одличен.
Јајцата и шеќерот се матат убаво потоа се додава чоколадото претходно стопено, јогуртот, маслото, брашното, пецивото и какаото и се меша убаво. Се истура во куглофот и се пече 30 минути на 200 степени.