Пилешки бомбици
Состојки
- 600 гр пилешки стек
- 1 главица сецкан кромид
- 1 јајце
- 1 парче двопек
- 1-2лажици мелен двопек
- кари, бибер, црна сол, зачин
- за поховање
- 1 јајце
- 100гр брашно
- 50 гр сусам
- 250 мл масло за пржење
Подготовка
Многу вкусни солени бомбици.
Прво пилешкиот стек се мели на машина за месо.
Потоа потопете го парчето двопек во вода и исцедете го.
Во садот со месото се додаваат останатите состојки и сето убаво се соединува.
Се формираат бомбици, се валкаат во брашно, јајце презла и сусам.
Се пржат на среден оган и се редат на хартиени салфети.
Совет, при формирањетио на секоја бомбица раката нека ви биде потопена во вода или намрсена со масло, за полесно да се формираат бомбиците.