Испечати

Бело тоблероне

Бело тоблероне

Состојки

  • тесто
  • 250 гр маргарин
  • 12 лажици шеќер
  • 50 мл млеко
  • 200 гр млеко во прав
  • 6 полни лажици мелени бисквити
  • 100 гр ореви или лешници

Подготовка

1. Се става во сад на оган маргаринот, шеќерот и 50 мл млеко да проврие. Откако ќе се растопи маргаринот се трга од оган и се додава млекото во прав. Убаво се мати со миксер и се додаваат мелените бисквити и кршени ореви или лешници.
2.Така добиената смеса се става во калап или се моделира со рака како триаголник и се остава во фрижидер да стегне.