Лешник парички (суви колачиња)
Состојки
- за тесто
- 250 гр маргарин
- 100 гр. шеќер
- 1 ванила
- 2 јајца
- 1/3 пакетче пециво
- 300 гр брашно
- 150 гр мелени лешници
- за глазура
- 50 гр кршени лешници
- 100 гр чоколадо
- 3 лажици масло
Подготовка
1. Се мати миксерот заедно со шеќерот за да се добие еднолична смеса.
2. Во неа се додаваат ванилата, 1 цело јајце и една жолчка, мелените лешници, брашното и пецивото.
3. Со рака се меси тесто кое се остава во фрижидер околу 15 мин. (колку да се стегне маргаринот)
4. Се развлекува кора од која со чаша (или било каков друг калап) се вадат парички. Се редат во плех и се премачкуваат од горната страна со разматена белка и се посолуваат со кршени лешници. Се печат на 180 степени 13-15 мин.
5. На крај така испечени од едната страна се потопуваат во растопено чоколадо