Брз овесен колач со меден сос
Состојки
- за колачот
- 1 1/2 чаша овесни снегулки
- 1 1/2 чаша млеко
- 2 јаболка
- 1/2 калинка
- 1 лажичка цимет
- 1 белка
- за сосот
- 1/2 чаша млеко
- 2 лажици мед
- 1/2 лажиче цимет
- 1 лажица кисело млеко
Подготовка
Здраво, брзо и вкусно. Мене таквите десерти ми се најдраги зашто почнав да внимавам повеќе на исхраната. ^_^
1. Во еден сад се става млекото и овесот.
2. Јаболката се лупат и се рендаат во садот. Се додава циметот.
3. Се додава калинката.
4. Се додава и белката и убаво се промешува па смесата се става на печење додека не зарумени убаво (15-20 мин.)
5. Во меѓу време за сосот само убаво ги мешаме состојките и штом колачот е готов налеваме пред служење.