Испечати

Плескавици од црвени пиперки

Плескавици од црвени пиперки

Состојки

  • 10 црвени, големи, пиперки за ајвар
  • 2 јајца
  • 200 гр бело сирење
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици презла
  • малку исечкано лукче
  • масло за пржење

Подготовка

Малку за промена, плескавиците да не се од месо, а сепак да се многу вкусни.
Пиперките испечете ги, излупете ги и ако се водлести оставете ги нека се исцедат.
Исечкајте ги наситно, па ставете ги сите други состојки во нив и убаво промешајте. Оставете ја смесата малку, колку презлата да ја впие течноста.
Со влажни раце правете плескавици и пржете ги од двете страни, убаво да заруменат. Ставете ги на салфетка да се впие вишокот маснотија.
Убави се како прилог кон некое мевце, а и така за мезе...