Поховани полнети печени пиперки
Состојки
- 200гр урда
- 100гр. посебна салама
- 1-2 моркови
- 1 лажиче брашно
- 1 јајце и магдонос по желба
- 10-ина црвени пиперки (капија)
- 2 јајца (за поховање)
- 3-4 лажици брашно
Подготовка
Ова е смеса за околу 10-тина пиперки, а и зависи од големината на пиперките.
Пиперките ги печеме. Потоа ги лупиме, вадиме држките и семките.
Посебната салама ја рендаме.Морковот го вариме и го сецкаме ситно.
Сето ова го мешаме заедно (без пиперките) со брашното, јајцето, урдата и сецкан магдонос.
Ги полниме пиперките со смесата.
Ставете сол ако урдата не е солена.
Секоја пиперка ја валкаме во брашното па во јајцето и пржиме на загреано масло.