Испечати

Лосос во маринада и сос со лимета

Лосос во маринада и сос со лимета

Состојки

  • 4 парчиња лосос
  • 1 лимета
  • 2 лажици маслиново масло
  • по вкус сол, бибер
  • За сос
  • 200 гр. цврст јогурт
  • 50 гр. мајонез
  • 1/2 лажичка мелена куркума
  • 1/2 лимета (сок и рендана кора)
  • по вкус мелен бел бибер
  • 2-3 лажици сецкан магдонос

Подготовка

Едноставен брз, а вкусен начин на спремање на лососот. Лиметата во маринадата и во сосот му дава посебен шмек.

1. Зачинете го лососот со сол, бибер или друг зачин по вкус. Додадете маслиново масло и сокот од лимета и оставете го лососот околу 1 час да се маринира. Потоа испечете го во рерна или на грил тава.
2. За сосот едноставно измешајте ги сите состојки со лажица и послужете го со лососот.