Палента кошнички со крем сирење и чаден лосос
Состојки
- 125гр. палента
- 500мл. вода
- 1 лажичка путер
- 1/2 лажичка сув рузмарин
- 200гр. крем сирење
- 1/4 лажичка куркума
- 70гр. тенки парчиња чаден лосос
- неколку перца власец
- по потреба сол, црн бибер
Подготовка
Ставете ја во тенџере водата со малку сол и оставете да зоврие.
Во зовриената вода постепено додавајте ја палентата и мешајте со жица да не ви останат грутки.
Откако ќе биде готова ставете го рузмаринот, малку црн бибер, измешајте и оставете да се олади.
Калапот за мафини премачкајте го со масло.
Земајте со намрснети раце од палентата и распоредете ја во секоја вдлабнатина од калапот во вид на кошнички.
Печете ги на 200степени, 20 минути.
Во меѓувреме направете го полнењето
Во сад ставете го крем сирењето и куркумата и убаво разматете.
Потоа додајте го сецканиот чаден лосос и ситно сецканиот власец.
Измешајте.
Со ова полнење наполнете ги оладените кошнички од палента и послужете.