Малиџано со оцет и сенф

Состојки
- 20кг црвени пиперки капија
 - 10 поголеми модри патлиџани
 - 1,5-2 л зејтин
 - 50мл оцет
 - 1 мало пакетче сенф и сол по вкус
 - 100гр. шеќер
 
Подготовка
Пиперките и модрите ги печиме. Ги ставаме во кеси (врзани за полесно да се лупат).
 Ги лупиме им ги вадиме семките и дршките. Исто и модрите ги лупиме.
 Ги ставаме во цедалка за да се процеди водата од нив.
 Излупените пиперки и модри ги мелеме со рачна машинка за месо и ги ставаме да се пржат. Откако течноста од пиперките ќе испари се додава маслото. Прво додаваме околу 1.5 литри, па после гледаме ако има потреба додаваме уште.
 Седодава и оцетот , шеќерот и солта. Цело време се меша за да не загори.
 се пржи отприлика околу 2 часа , а се гледа кога е готово ако малиџаното е доволно густо или ако почне да се лепи за дрвената лажица со која мешаме.
 Неколку минути околу 10-тина пред крајот на пржењето се додава сенфот (растворен со малиџано).
 Готовото малиџано се собира жешко во загреани тегли и се омотуваат теглите со крпа или прекривка да бидат на топло. Оставете ги така додека да се изладат.