Краставички - кисели
Состојки
- 10 краставички (за една тегла)
- 1 лажиче сол
- 2 лажичиња шеќер
- 1 ракиена чашка бел оцет
- 2-3 листа ловоров лист
- 5-6 зрна бибер и околу 10-тина зрнца бел синап
Подготовка
Во тегла ги редиме краставичките и ставаме по едно лажиче сол, 2 лажичиња шеќер, 2-3 ливчиња ловоров лист, зрната бибер и белиот синап. Се додава ракиена чашка бел оцет и се дополнува теглата со вода.
Се ставаат на тивок оган да се обарат. Малку да провријат околу 5 мин и потоа теглите ги покриваме со нешто подебело (да бидат на топло). Оставете ги така замотани да преноќат.