Пирошки од пире
Состојки
- 1 пире
- 50гр путер
- 100гр. шунка
- 1 јајце
- 1 лажиче сол.бибер и магдонос
- За похување
- 1 јајце
- 100гр. презла
Подготовка
Овој рецепт може да се направи и со пире останато од претходниот ден.
Загрејте го пирето и додадете го омекнат путер. Исецкајте ја шунката на коцки, исецкајте го магдоносот и додадете ги во пирето. Додаете го и јајцето и солта и биберот. Замесете со раце.
Земајте по малку од смесата, во средината може да ставите кашкавал или моцарела, а може и без ништо.) Завиткајте убаво.Изматете го јајцето и пирошките валкајте ги во него па во презлата. Пржете на врел зејтин,а може и да ги печете.