Испечати

Брз сос од јајце, сенф и ѓумбир

Брз сос од јајце, сенф и ѓумбир

Состојки

  • 1 јајце
  • 1 лажичка сенф
  • 5-6 лажици маслиново масло
  • помало парче свеж ѓумбир
  • по потреба сол, црн бибер

Подготовка

Сварете го јајцето на тивок оган (нека врие 4 минути).
Во блендер ставете го јајцето, сенфот, маслиновото масло и ренданиот ѓумбир.
Посолете, наросете црн бибер и изблендирајте.

Сосот е преубав и брз.
Ние го јадевме со поховани рибји стапциња, но одлично ќе оди и со пилешки прсти и крилца.