Испечати

Солени мињони

Солени мињони

Состојки

  • тесто
  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 1/2лажиче сол
  • 1/2лажиче пециво
  • 6 лажици брашно
  • 8-10 листови бланширана блитва
  • фил
  • 100 гр крем сир
  • 100 гр кисела павлака
  • 150 гр урда
  • семки од тиква, лен , сончоглед, кисели краставички, копар
  • за декорација-рендан кашкавал, магдонос, морков

Подготовка

Вкусни и декоративни солени мињони.

Прво се матат јајцата со солта, па се додаваат останатите состојки.
На крај се додава изблендираната блитва.
Сето убаво се промешува и се печи во правоаголна тава на делимано.
На страна во една зделичка се соединуваат сите состојки за филот.
Испечената кора се филува со филот.
Врз филот се премачкува со танок слој кисела павлака, се ренда кашкавал.
Се сечат мињони и се украсуваат со морков и магдонос.