Проја со коприва
Состојки
- 3 јајца
- 3 филџани палента или пченкарно брашно
- 1 филџан зејтин
- 3 филџани јогурт или кисела вода
- 1 пециво
- малку сол и шеќер
- 1 чаша голема сецкана млада коприва и сирење
Подготовка
Се мешаат прво јајцата, се додаваат течните состојки, потоа и брашното, пецивото и другите. Копривата обично ја ставам директно од замрзнувач, дробам малку сиренце и право во рерна загреана на 200, за половина час е готова...
Обично ја правам и кога ќе ми дојдат гости, па онака топла со ордевер е одлично мезе...или во калапчиња за мафини !
Филџан 120 мл.