Испечати

Тортелини во сос со чаден лосос

Тортелини во сос со чаден лосос

Состојки

  • 100гр. ленти чаден лосос
  • 250гр. тортелини со рикота и спанаќ
  • 150 мл неутрална павлака за готвење
  • 4 парчиња топено сирење
  • 100гр. крем сирење
  • 100 гр. бри сир
  • по потреба свеж магдонос
  • по потреба сув зачин
  • 1 врзоп рукола

Подготовка

Тортелините ги вариме во посолена вода .
На стна во тава се става неутрланта павлака,  сите видови сирење и се остава на тивок оган да се згусне. Откако ќе ја добие потребната густина, се додаваат лентите чаден лосос и сварените тортелини и се вари многу кратко.
Се служи со рукола.