Сутлијаш со кокосово млеко
Состојки
- шоља од 270мл
- 1/2 шоља ориз
- 1,5 шоља вода
- 2лажици шеќер
- 300-350мл. кокосово млеко
- по потреба цимет
Подготовка
Во тенџере на оган ставете го оризот и водата.
Откако ќе зовријат, намалете ја температурата на најтивко, покријте со капак и варете 10 минути.
Потоа додајте го шеќерот и кокосовото млеко и продолжете со варење додека оризот убаво омекне.
Послужете со наросување од цимет.