Испечати

Пресна зелка со ќофтиња и сланина

Пресна зелка со ќофтиња и сланина

Состојки

  • 1 зелка
  • 200 гр сланина
  • 1 лажица црвен пипер
  • мешан сув зачин по вкус
  • За ќофтињата
  • 500 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажица лебни трошки
  • 1 рендан кромид
  • масло за пржење

Подготовка

1. Од состојките за ќофтиња замесуваме смеса, од која потоа вадиме мали топчиња и ги пржиме на врело масло.
2. Зелката ја сечкаме и ја пропржуваме убаво на масло,па ги додаваме зачините.
3. Сланината ја сечкаме на коцки и заедно со ќофтињата ја додаваме во зелката.
4. Налеваме 500 мл вода и динстаме во Гурметот, 20 минути или додека да се издинста т.е омекне зелката.