Чорба со тестенини
Состојки
- 300гр макарони-спирали
- 100гр. сланинка
- 100гр. пилешко месо
- 1 кромид
- 1 коцка супа
- 1 лажиче пипер,сол,зачин
- 2-3 чешниња лук и магданос
Подготовка
Коцката супа ја ставаме во зовриена вода ги додаваме и макароните. Кромидот го сечиме на поедри парчиња и го ставаме заедно со макароните да се вари.
Исто на ситни парчиња ги сецкаме и сланинката и пилешкото и нив ги додаваме во садот.Зачинуваме и додаваме едно лажиче црвен пипер.
Кога ќе биде готова чорбата на крајот го додаваме ситно исецканиот лук и магданосот. (Се става повеќе вода, за макаронитеда не ја впијат)