Испечати

Едноставни мафини со мармалад од смокви и чоколадо

Едноставни мафини со мармалад од смокви и чоколадо

Состојки

  • 1 јајце
  • 2 лажици кафен шеќер
  • 70 мл јогурт
  • 70 мл млеко
  • 30 мл масло
  • 2-3 лажици мармалад од смокви
  • 50 гр сецкано црно чоколадо
  • 1/2 пециво
  • 3 лажици брашно

Подготовка

Од оваа доза излегуваат 6 мафини во силиконски калапи на Делимано

Се мати јајцето со шеќерот, па се додаваат јогуртот, млекото, маслото и на крај со лажица се додаваат останатите состојки и убаво се промешува.
Смесата се става во силиконски калапи и се печи на 170 степени околу 25-30 минути, се во зависност од рерната.