Кајгана со печурки
Состојки
- 200 гр свежи шампињони
- 3 јајца
- 1 кромид
- сол, маслиново масло
Подготовка
Печурките ги пржиме заедно со кромидот во малку маслиново масло. Во меѓувреме јајцата ги матиме и ги посолуваме, ставаме и други зачини по желба, па откако печурките ќе бидат пржени ги ставаме во нив јајцата. Кога ќе бидат пржени од едната страна, ги превртуваме од другата страна.
Сервираме во чинија со свеж зеленчук.