Чоко торта
Состојки
- Пандишпан
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 1 пециво
- 100 гр мелени ореви
- 2 лажици какао
- Чоко фил
- 3 јајца
- 200 гр шеќер
- 2 чоколада
- 250 гр маргарин
- Ганаш
- 200 мл слатка павлака
- 2 чоколада
- 100 гр маргарин
- 1 пакетче чоко топчиња
Подготовка
1. Изматете ги жолчките со 3 лажици шеќер и посебно белките со 3 лажици шеќер. Со лажица соединете ги двете смеси и додадете го брашното, пецивото, какаото и оревите и смесата поделете ја во два плеха бр. 26 и испечете го пандишпанот.
2. За чоко филот, трите јајца и шеќерот матете ги на пареа додека шеќерот се растопи и филот се згусти, додадете го чоколадото, мешајте додека да се растопи и на крај додадете го маргаринот и повторно мешајте додека маргаринот да се растопи. Тргнете од оган да се изладо прво на собна температура, па потоа ставете го во фрижидер. Филот прво ќе биде малку течен, но откако ќе отстои во фрижидер убаво ќе се стегне.
3. За ганаш филот ставете ја павлаката на оган да се загрее (не да врие), додадете го чоколадото да се растопи и на крај маргаринот. Тргнете од оган да се излади на собна температура, па потоа и него ставете го во фрижидер на неколку часа.
4. Филување-се става едната кора, па врз неа целиот чоко фил, па втората кора и на крај целата торта се премачкува со ганаш филот и се декорира со чоко топчиња.