Испечати

Раванија (потурено)

Раванија (потурено)

Состојки

  • Тесто
  • 4-5 јајца (во зависност од големината)
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици пченичен гриз
  • 12 лажици брашно
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици масло
  • 1 прашак за печиво
  • Шербет
  • 3 шолји шеќер
  • 4 шолји вода
  • 2 ванилин шеќер

Подготовка

Ги матиме јајцата заедно со 12 лажици шеќер. Настрана во поголем сад ги мериме брашното, гризот и прашокот за печиво, ги промешуваме. Кога во јајцата нема повеќе гранули шеќер додаваме лажица по лажица 12 лажици млеко и 12 лажици масло. Потоа ја додаваме сувата смеса лажица по лажица. Целата смеса ја истураме во тава 38-40 и печеме во зависност од нашата релна додека е готово и има убава златно-карамел боја. Го оставаме да се лади.
Го подготвуваме шербетот во тенчере на оган ги ставаме водата, шеќерот и ванилиниот шеќер да зовријат и малку оставаме да поврие 5-10 мин. Тестото малку го боцкаме со чечкалица и потоа со кутлача потураме постепено и внимателно да не ни се излупи кората. Се јаде ладно.

Добар апетит!