Испечати

Салата од макарони и пилешко

Салата од макарони и пилешко

Состојки

  • 200 гр ситни макарончиња
  • 1 парче пилешки стек
  • 2 тврдо варени јајца
  • 120 гр кашкавал
  • 1 грст грашок од конзерва
  • 1 поголем морков
  • неколку ливчиња ситно сецкан свеж босилек
  • малку сецкан магдонос
  • 1/2 чајно лажиче гарам масала
  • 1 чајно лажиче оригано
  • 1 лажица француски сенф
  • 2 полни лажици мајонез
  • 3 лажици цврста кисела павлака

Подготовка

Сварете го стекот со морковот. Сварете ги јајцата, посебно макароните, кои потоа ќе ги исцедите и откако се ќе олади ќе исечкате на ситни коцкички.
Во длабок сад измешајте ги сите заедно и додадете ги останатите наведени состојки. По потреба малку досолете.