Ванила колач
Состојки
- 4 јајца
- 15 лажици шеќер
- 15 лажици млеко
- 15 лажици масло
- 15 лажици брашно
- 2 ванилин шеќер
- 1 прашок за пециво
- фил
- 2 пудинга од ванила
- 500мл. млеко
- 1 филџан шеќер
- 2 ванилин шеќер
- прелив
- 100гр. чоколада за готвење
- 40гр. путер
Подготовка
Преубав ванила колач.
Подготовка
Се мати тестото од наведените состојки. Па половина од тестото се исипува во тепсија претходно подмачкана и се пече на 180 степени околу 10минути. За тоа време се прави пудингот според упатството на нашиот рецепт.
Потоа врз недопечената кора се додава врелиот пудинг, а другата половина од тестото се исипува врз пудингот. Колачот се враќа во рерна и се пече до крај.
Се растопува чоколадото и путерот и се прелева со предходно исечениот колач.
Колачот го печев во малата ростeр тава.
Добар апетит!!!