Испечати

Омлет мафини

Омлет мафини

Состојки

  • 3-4 јајца
  • 50гр домат
  • 50гр пиперка
  • 50гр чајна
  • 1 лажиче зејтин
  • лук по желба
  • 50гр маслинки
  • сол по желба

Подготовка

Се сецкаат доматите, чајната, пиперките, маслинките и лукот. Се матат јајцата и во нив се ставаат сите исецкани состојки и се додава зејтинот. Смесата се става во калапот така што се полни 2/3 од просторот. Се пече 10-тина минути на 200 степени.

Во оваа смеса може да се додаде и кашкавал или сирење.