Торта Моето Нестле
Состојки
- 1-ва и 3-та кора
- 8 белки
- 8 лажици шеќер
- 100 гр сечкани ореви
- 2 лажици масло за јадење
- 60 гр кокос
- 2-ра кора
- 6 белки
- 7 лажици шеќер
- 100 гр сечкани ореви
- 100 гр брашно
- 1 прашок за печиво
- 4-5 лажици слатко или џем од смокви (може и суви смокви)
- Фил
- 22 жолчки
- 220 гр шеќер
- 1200 мл млеко
- 4 пудинга од ванила
- 4 лажици нишесте
- 15 лажици шеќер
- 500 гр маргарин
- Останати состојки
- 200 мл слатка павлака (за целиот фил)
- 200 гр бело чоколадо(за 2/3 од филот)
- 50 + 50 гр сечкани и мелени ореви (за првиот дел од жолтиот фил)
- 100 гр црно чоколадо (за 1/3 од филот)
Подготовка
1-ва и 3-та кора
1. Се матат белките со шеќерот и откако ќе се исклучи миксерот се додаваат брашното, печивото, оревите и кокосот, се меша со дрвена лажица и се распоредува во плех од рерната на хартија за печење и се пече околу 20 мин на 180 С целзиусови. Се печат 2 вакви исти кори
2-ра кора
2. Се матат белките со шеќерот, се исклучува миксерот и се додаваат брашното, печивото, оревите и слаткото од смокви, се меша со дрвена лажица и се распоредува во плех од рерната на хартија за печење и се пече околу 20 мин на 180 С целзиусови.
Фил
1. Жолчките и шеќерот се варат на пареа
2. Млекото и шеќерот се варат со растворените пудинзи и нишесте во густ крем
3. Додека е жежок кремот се дели на 2 дела -(2/3 + 1/3)
4. Во поголемиот дел од кремот, оној што е 2/3 се додава 200 гр бело чоколадо, а во останатата 1/3 се додава црно чоколадо да се растопи додека е жежок филот
5. Откако ќе се излади кремот се додава претходно изматениот маргарин и се соединуваат
6. Благата павлака се истура по 100 гр во секој од филовите и се матат уште по 5 мин колку да се соединат благата павлака со филот
7. Жолтиот фил се дели на два дела и во едниот се додава 50 гр сечкани и 50 гр мелени ореви
8. Се филува - кора со кокос па жолт фил со ореви,
кора со смокви па црн фил
кора со кокос па жолт крем без ореви
9. Озгора јас ја декорирав со фондан
10. Овојпат бидејќи тортата беше за роденденот на син ми, а тој сакаше фигура од неговите цртани серии, јас пресеков страничен дел од тортата и со тоа ја направив фигурата која што стои исправено врз тортата.